За нас

Ние сме Инсомниа ИТ Сервис – водечка компанија во Македонија за составување на персонални компјутери за сите сегменти, од наједноставни решенија до врвни системи за ентузијасти, гејмери и професионалци во различни бизнис сектори.

Нашиот тим се состои од квалификуван технички кадар, првенствено ИТ ентузијасти со страст кон компјутерите. Затоа посветуваме особено внимание на техничките и естетските детали на секоја конфигурација – без разлика дали е наменета за игри, креирање содржини или корпоративна употреба. Ние внимателно ги избираме компонентите кои ги вградуваме во нашите системи, фокусирајќи се на квалитет и детална изработка. Нашата цел е да ги задоволиме потребите и очекувањата, дури и на најпребирливите клиенти.

Пред испорака, секој систем изработен од нас е оптимизиран и тестиран за сигурна и ефикасна работа со врвни перформанси.

Тој процес опфаќа неколку клучни чекори:

  • Инспекција на хардверот – Секоја компонента внимателно се проверува за дефекти или недоследности пред составувањето.
  • Прецизно склопување – Нашите техничари го составуваат системот со внимание на најдобро позиционирање и прицврстување на каблите, така што нема да се наруши естетиката
    и протокот на воздух во куќиштето. Фановите се распределуваат оптимално за најдобра воздушна циркулација, имајќи ја предвид графичката картичка и процесорот како најмоќни компоненти. Нанесуваме соодветна термална паста за оптимални температури и долготрајни перформанси.
  • Оптимизација на BIOS/Firmware – Системот се ажурира со најнов, стабилен BIOS/Firmware и се оптимизира според неговата конфигурација и намена.
  • Тест за стабилност („Стрес тест“) – По инсталацијата на оперативниот систем, секој компјутер се тестира по индустриски стандарди за максимално оптоварување, при што се следат техничките параметри како температури и фреквенции.
  • Конечна проверка на квалитетот – Секој систем поминува низ финална инспекција, со што се осигурува дека нема физички оштетувања пред да биде спакуван и безбедно испорачан.

 

Со овој пристап, гарантираме сигурни и моќни системи кои ќе ги исполнат или надминат вашите очекувања.

За квалитетно корисничко искуство овој сајт користи колалчиња ("cookies"). Читај повеќе